Уживајте во Македонија во секоја сезона!
28.09.2017 – Покажи еко – страна за зима без мана

28.09.2017 – Покажи еко – страна за зима без мана

Во рамките на одбележување на Меѓународниот ден на туризмот, во организација на Ски – центарот „Копанки“ и хотел „Молика“ – „ЕЛЕМ ТУРС“ ДООЕЛ СКОПЈЕ и Ски – клубот „Пелистер“,на ден 28.09.2017 година (четврток) со почеток во 11 часот ќе се oдржи еко-настанот „Покажи еко – страна за зима без мана“.

Настанот е со цел – подигнување на свеста за заштита на Националниот парк „Пелистер“. Настанот опфаќа промотивно чистење на стазата на Ски – центарот „Копанки“ – Пелистер, пред почетокот на новата зимска сезона 2017/2018 година. Еко – настанот се организира со учество на 100 ученици од основните и од средните училишта од Битола.

Во рамките на настанот, во 12 часот планирана е прес – конференција и потпишување меморандуми за соработка меѓу засегнатите страни: „ЕЛЕМ ТУРС“ ДООЕЛ СКОПЈЕ и Ски клуб „Пелистер“ – Битола, Националниот парк „Пелистер“, Планинарскиот спортски клуб „Пелистер“ и Велосипедски клуб „Екстрем Бајк Тим“ – Битола.

Close Menu