Уживајте во Македонија во секоја сезона!
ЕЛЕМ ТУРС ДООЕЛ Скопје со свој настап на специјализираниот меѓународен саем за туризам WESTM 2019- Белград , Република Србија 24-25 Октомври 2018 година

ЕЛЕМ ТУРС ДООЕЛ Скопје со свој настап на специјализираниот меѓународен саем за туризам WESTM 2019- Белград , Република Србија 24-25 Октомври 2018 година

“WESTM 2019” и оваа година претставуваше единствен работен саем во Република Србија и еден од неколкуте во регионот на Југоисточна Европа каде на едно место во два работни денови можат да се разменат многу искуства , да се стекнат нови контакти кои секако ќе овожможат чекор напред во работењето на ЕЛЕМ ТУРС ДООЕЛ Скопје.

Учеството на една ваква манифестација како излагачи и стекнатото искуство во текот на двата работни денови , со реализирани состаноци еден – на – еден ( Б2Б ) , претставуваше извонредна прилика за вмрежување и јакнење на нашата позиција низ контактите со претставниците на голем број туроператори, туристички агенции и асоцијации од регионот , вклучувајќи ја и едукативната програма како нераскинлив дел од настанот со учество на врвни експерти од туристичката индустрија.

Претставниците на ЕЛЕМ ТУРС ДООЕЛ Скопје , имаа прилика да воспостават директен контакт со потенцијалните купувачи на услугите што ги нуди Друштвото , користејќи разни маркетиншки алатки и подготвени програми за повеке форми на туристички посети низ сите капацитети со кои стопанисува ЕЛЕМ ТУРС ДООЕЛ Скопје.

Покрај вкупната понуда на ЕЛЕМ ТУРС ДООЕЛ Скопје , овој пат посебно внимание беше посветено за промоција на својата понуда пред стартот на зимската туристичка сезона и сериозните подготовки и новини кои Друштвото ги подготвува на Ски Центарот Попова Шапка во Тетово.

Close Menu