Уживајте во Македонија во секоја сезона!
Титов Врв 2018 – ЕЛЕМ ТУРС ДООЕЛ СКОПЈЕ – ПОДРУЖНИЦА ПОПОВА ШАПКА – Домаќин и коорганизатор на 37-то традиционално искачување на највисокиот врв на Шар Планина и Република Македонија „Титов Врв 2018“

Титов Врв 2018 – ЕЛЕМ ТУРС ДООЕЛ СКОПЈЕ – ПОДРУЖНИЦА ПОПОВА ШАПКА – Домаќин и коорганизатор на 37-то традиционално искачување на највисокиот врв на Шар Планина и Република Македонија „Титов Врв 2018“

Планинарски Клуб „Љуботен“ – Тетово на 26-27 Мај 2018 година по триесет и седми пат го организираше традиционалното искачување на Титов Врв.
Настанот беше организиран на Попова Шапка, а поддржан од ЕЛЕМ ТУРС ДООЕЛ Скопје.
И оваа година традиционалното искачување беше дел од прославата за Денот на Европа, организирано од страна на Канцеларијата на Европска Унија во Македонија.
Настанот започна со официјалното свечено отворање во 19:00 часот, на 26-ти мај, кое се одржа во холот на хотелот Попова Шапка. На свеченото отворање збор зеде претседателот на Планинарски Клуб Љуботен – Јован Божиноски, кој ги поздрави сите планинари и учесници и им посака мирно и безбедно искачување.
Настанот официјално го отвори Амбасадорот на Кралството Холандија, господинот Воутер Пломп, кој искажа особена чест што присуствува на овој настан и е дел од искачувањето на Титов Врв во организација на Планинарски Клуб Љуботен.
По завршувањето на свеченото отворање, во малата сала на хотел Попова Шапка, сите водичи/ координатори на групи беа повикани на состанок на координаторите.
Истовремено, сите учесници имаа можност да ја погледнат изложбата за Планинарските домови на Шар Планина, организиран во хотел Попова Шапка, која содржеше слики од архивата на П.К. Љуботен.

На првиот ден од настанот, 26 мај, пристигнаа 200 учесници, кои беа сместени во сместувачките капацитети на Попова Шапка – хотелите Попова Шапка и Тетекс, планинарските домови Љуботен и Смрека. Најголем дел од овие учесници беа планинарски клубови од Босна и Херцеговина, Србија, Косово, Хрватска и дел од Македонија.
Искачувањето официјално започна на 27 мај, во 06:30 со тргнување на групата кон Титов Врв од инфо штандот на Планинарски клуб Љуботен, по претходно маркираната наведена „Вакуфска патека“.
Во колоната се движеа членовите на Планинарски Клуб Љуботен, кои беа распоредени вдолж целата патека и кои на себе носеа акредитации за организатори. На патеката беа поставени три пункта. На првиот пункт беа поставени медицинско лице и теренски возила; на вториот беа поставени лица кои го обезбедуваа снежниот дел од патеката, а на третиот пункт беа поставени лица кои ги насочуваа планинарите кон врвот и доделуваа налепници за учество на настанот.
Настанот се заврши во 16:00 часот, со пристигнување на учесниците на платото пред хотел Попова Шапка, каде што беа пречекани од членовите на Планинарски клуб Љуботен со топол чај.
На самото искачување, учество зедоа дури 800 учесници, од кои 764 се искачија до врвот. Бројката на официјално пријавени планинарски клубови е 14 од Македонија, а 17 од регионот.

Друштво за туризам , угостителство , рекреација и спорт
ЕЛЕМ ТУРС ДООЕЛ Скопје

Планинарски Клуб „Љуботен“ – Тетово
www.pkljuboten.org.mk
kontakt@pkljuboten.org.mk
phone: + 389 75 64 93 93
www.sharamountainguide.com.mk
www.sharplanina.com.mk

Close Menu