Уживајте во Македонија во секоја сезона!
Дневните ски билети на Попова Шапка поевтини за над 33 отсто, скијачката  сезона продолжува

Дневните ски билети на Попова Шапка поевтини за над 33 отсто, скијачката сезона продолжува

Скијачкиот центар Попова Шапка од утре(сабота) ги намалува цените на дневните ски билети до крајот на скијачката сезона. Така, дневниот билет за користење на ски лифтовите и жичарите ќе се продава по популарна цена од 600 денари, додека фановите на ноќното скијање и понатаму ќе уживаат во зимските спортови под рефлектори по досегашната цена од 400 денари.

Полудневниот билет и натаму ќе чини 600 денари, а целодневното скијање за деца до 12 години останува 400 денари.

Според информациите од ЕЛЕМ Турс, за вечерва (петок) и утревечер со почеток во 19 часот на ски лифтовите Поток 1 и Поток 2 ќе бидат вклучени светилките за ноќно скијање. Иако календарски пролетта е на самиот праг, на Попова Шапка има доволно снег, подготвени патеки и одлични услови за уште една продолжена ски сезона.

Close Menu