Уживајте во Македонија во секоја сезона!
Започнува скијачката сезона на Попова Шапка!   На 14 јануари 2016 година – бесплатно на Шапка!

Започнува скијачката сезона на Попова Шапка! На 14 јануари 2016 година – бесплатно на Шапка!

Од утре, 14 јануари 2016 година почнува скијачката сезона на Попова Шапка. Традиционално, за сите посетители, скијањето на првиот ден е бесплатно.

Во изминатиот период спроведени се сите технички подготовки и активности за непречен почеток и тек на скијачката сезона, а во текот на вчерашниот ден заврши уредувањето и обележување на постојните патеки. Нашиот најголем скијачки центар е целосно екипиран за непречено и безбедно функционирање на ски – терените.
Утрешното скијање започнува во 9 часот наутро, а во функција ќе бидат ставени двете жичници – „Церипашина“ и „Св.Илија“. Од 15 јануари 2016 година ќе важат вообичаените цени за ски билети.
Дневниот билет, кој важи од 9 до 16 часот, ќе се продава по цена од 900 денари, полудневниот билет, кој важи од 12 до 16 часот, е 600 денари, а билетот за ноќно скијање, кој важи од 19 до 22 часот, ќе чини 500 денари. За младите скијачи до 12 годишна возраст билетот ќе чинат 400 денари, а цената на сезонскиот билет останува 10.000 денари.
Хотелските капацитети се подготвени за сместување на гостите. Во моментов на располагање се 120 легла во „Славија“ и 160 легла во „Попова Шапка“.
Скопје, 13.01.2016 година
„ЕЛЕМ ТУРС“ ДООЕЛ Скопје

Close Menu