ЕЛЕМ ТУРС ДООЕЛ Скопје и скијачкиот центар Копанки со задоволство ве информираат дека од утре (вторник,30 декември) започнува новата скијачка сезона. Терените за скијање се подготвени, а ски-патеките исчистени, уредени и обележани.
Жичарата Бегова Чешма и ски лифтот се комплетно сервисирани, вклучително корпите и сидрата. Во поглед на безбедноста, извршени се редовните контролни мерења и добиени се сертификати за техничка исправност. Како и секоја година, така и оваа, спроведени се сите технички подготовки и активности за непречен почеток и тек на престојната скијачка сезона.
Цените за користењето на ски-лифтовите ќе бидат идентични на ланските. Целодневниот билет чини 300 денари, а детскиот целодневен билет 200 денари.