Уживајте во Македонија во секоја сезона!
Скијачката федерација на Македонија, клубот Полар и Елем Tурс ве канат на незаборавно дружење на Попова Шапка

Скијачката федерација на Македонија, клубот Полар и Елем Tурс ве канат на незаборавно дружење на Попова Шапка

Организираме бесплатни часови по скијање и сноуборд за деца од 6 до 14 години, организиран бесплатен превоз, бесплатен оброк, бесплатен пијалак, бесплатно изнајмување на опрема, возбудливи трки и многу изненадувања.

Сабота 22.02.2014.

Ваше е само да се пријавите на фејсбук страницата:
Сите на снег (https://www.facebook.com/SiteNaSneg).

Испратете ни гиследниве податоци:
1. име и презиме;
2. датум на раѓање;
3. височина и број на чевли доколку за вас треба да обезбедиме скијачка/бордерска опрема; и
4. пишете ни дали сакате да нучите да скијате или да бордате.

Првите 30 пријавени ќе имаат можност да уживаат во убавините на Попова Шапка.

Агенда на настанот:
07:30 Собирање на групата во Градскиот парк во Скопје
09:30 Пристигнување, и проверка на опремата
10:30 Игри за загревање и отворање на настанот
10:30 – 12:30 Бесплатна обука за скијање и сноуборд
12:30 – 14:00 Официјална програма
– Штафетна трка со санки за најмалите
– Адаптирана трка во скијање за деца
– Адаптирана трка во сноуборд за деца
14:00 Доделување на награди и признанија
14:30 Затварање на настанот, оброк и поаѓање за Скопје

Извонредна можност да научите да скијате, бордате и да поминете прекрасен семеен ден на Попова Шапка.

Close Menu