Уживајте во Македонија во секоја сезона!
Синдикални спортски игри на АД „ЕЛЕМ“ – Автокамп „Ливадишта“

Синдикални спортски игри на АД „ЕЛЕМ“ – Автокамп „Ливадишта“

Имавме особена чест и задоволство што викендов Автокампот „Ливадишта“ беше домаќин на Синдикалните спортски игри на АД „ЕЛЕМ“, кои поминаа во одлична атмосфера и во спортски и колегијален дух.
Вработените се натпреваруваа во фудбал, кошарка, одбојка, крос, пинг-понг, фрлање ѓуле, влечење јаже и други дисциплини.
Надвор од натпреварувачките дисциплини, на затворањето на манифестацијата се одигра ревијален фудбалски натпревар меѓу екипа на директори на АД „ЕЛЕМ“ и на подружниците од една страна и екипа на претседатели на синдикатот на АД „ЕЛЕМ“, од друга страна. Судија на натпреварот беше вицепремиерот Кочо Анѓушев, кој беше гостин на покана на синдикатот.
„ЕЛЕМ ТУРС“ ДООЕЛ Скопје се надева дека ќе има чест и во иднина да биде домаќин на спортските синдикални игри во организација на синдикатот на АД „ЕЛЕМ“, како и на сите други заинтересирани правни лица, за што ги ставаме на располагање сите наши капацитети: хотелите „Славија“ и „Попова Шапка“ на Попова Шапка; хотел „Молика“ – Пелистер; Одморалиште „Планинска куќа“ – Маврови Анови; Одморалиште „Св. Стефан“ – Охрид и Вила „Тиквеш“ – Стар Дојран.

Close Menu