Уживајте во Македонија во секоја сезона!
„ЕЛЕМ ТУРС“ НА МЕЃУНАРОДНИОТ САЕМ WESTM 2017, Белград, Република Србија

„ЕЛЕМ ТУРС“ НА МЕЃУНАРОДНИОТ САЕМ WESTM 2017, Белград, Република Србија

Претставници на Друштвото за туризам, угостителство, рекреација и спорт „ЕЛЕМ ТУРС“ ДООЕЛ Скопје, предводени од Управителот Никола Каровски, присуствуваше на Меѓународниот саем “Winter EVENTS & SPA Travel Market”, WESTM – Туристичка призма што се одржа на 16 и 17 октомври 2017 година во хотел „CROWNE PLAZA“ во Белград, Република Србија.
Саемот е прв меѓународен саем во Србија, специјализиран за конгресен, зимски и спа-туризам на Југоисточна Европа. Во текот на двата работни дена се претставија над 100 учесници од 15 земји – хотели, туристички агенции, конгресни центри, бањи и организатори на зимски и спа-туризам, меѓу кои и „ЕЛЕМ ТУРС“.

За време на B2B средбите, „ЕЛЕМ ТУРС“ детектираше значаен интерес кај земјите од регионот за природното и културно-историското наследство во регионите каде што се лоцирани туристичките капацитети со кои стопанисува „ЕЛЕМ ТУРС“ ДООЕЛ Скопје – Попова Шапка, Пелистер, Маврово, Дојран и охридско – струшкиот регион. Од страна на поголемиот дел учесници на Саемот, особено беа нагласени потенцијалите на Ски – центарот „Попова Шапка“ и Ски – центарот „Копанки“ и хотелот „Молика“ на Пелистер и Автокампот „Ливадишта“ како потенцијални дестинации кои нудат можности за соработка и вмрежување на туристичките фактори на нашата земја со земјите од регионот. Од одржаните деловни средби произлегоа многу заеднички идеи, можности и планови за соработка.
Претставниците од „ЕЛЕМ ТУРС“ ДООЕЛ Скопје беа дел и од конференциите одржани во рамките на Саемот кои се одличен начин за запознавање со новите трендови, практики и потреби како на туристите така и на дестинациите.
За време на Гала вечерата, во организација na WESTM беше доделена Меѓународната награда „Туристичка призма“ за нов квалитет во туризмот која ја доделува меѓународно новинарско жири од држави во регионов.
Целта на саемот во Белград е воспоставување подобра соработка меѓу туристичките стопанства на земјите од ЈИЕ, како и компаниите во Европа заинтересирани за регионот.

Линкови:
http://westm.rs/wstm-programme
http://kanal5.com.mk/vesti_detail.asp?ID=135514
http://emagazin.mk/vesti/vest/40899

 

Close Menu