Уживајте во Македонија во секоја сезона!
ЕЛЕМ ТУРС НА ИНТЕРНАЦИОНАЛНИОТ САЕМ ЗА ТУРИЗАМ  ВО БЕЛГРАД – РЕПУБЛИКА СРБИЈА – 22.02.2018 – 25.02.2018 ГОДИНА

ЕЛЕМ ТУРС НА ИНТЕРНАЦИОНАЛНИОТ САЕМ ЗА ТУРИЗАМ  ВО БЕЛГРАД – РЕПУБЛИКА СРБИЈА – 22.02.2018 – 25.02.2018 ГОДИНА

Друштвото за туризам, угостителство, рекреација и спорт ,, ЕЛЕМ ТУРС ДООЕЛ Скопје и оваа година успешно ја презентираше комплетната понуда на јубилејниот 40-ти Интернационален Саем за Туризам во Белград кој се одржа од 22 -25 Февруари.

Покрај редовните саемски активности и договорени средби со голем број регионални  туристички агенции и туроператори од Србија, Хрватска, Словенија, Бугарија, но  и  со останатите иницијативни центри на Европа, ЕЛЕМТУРС Скопје беше дел од новиот проект ,,ОД ДУНАВ ДО ОХРИД“ кој од 2019 година ќе биде реализиран преку кружни регионални туристички  рути на овие простори.

Преку овој проект кој го реализираа Стопанската Комора на Република Македонија – Здружението за угостителство и туризам (чија членка е и ЕЛЕМ ТУРС ДООЕЛ Скопје)  и Стопанската Комора на Република  Србија – Здружението за туризам, за прв пат двете туристички дестинации, Србија и Македонија ќе бидат обединети во еден заеднички проект  кој ќе ги поврзува убавините на двете држави од Дунав до Охрид.

Имајки го во предвид фактот дека ЕЛЕМ ТУРС ДООЕЛ Скопје, стопанисува со сместувачки капацитети и капацитети за спорт и рекреација на најатрактивните туристички локации во Република Македонија, дел од сопствените капацитети ќе бидат носители во диференцираната  понуда која од 2019 година ќе биде реализирана преку неколку програми со различни мотиви .

Горди сме што ќе бидеме во можност со дел од нашата понуда повторно да ја потврдиме нашата традиционална гостопримливост, вкусовите на нашата традиционална македонска кујна и компаративните потенцијали кои ги поседуваме на Попова Сапка, Пелистер, Маврово, Охридското Езеро и Дојран како туристички дестинации во проектот ,,ОД ДУНАВ ДО ОХРИД“

Интернационалниот Саем за Туризам во Белград од 22-26 Февруари беше одлична можност за промоција на сите понуди за Велигденските и Првомајските празници 2018, Активниот одмор во природа за ,,Лето 2018 “ на Шар Планина, Пелистер и Маврово ,, Лето во Ливадишта и Дојран 2018 “ на Охридското и Дојранското езеро, но и понудата за зимската туристичка сезона 2018/2019 која треба да биде почеток на нови проекти за ЕЛЕМ ТУРС ДООЕЛ Скопје.

Close Menu