Уживајте во Македонија во секоја сезона!
Информација од одржана Работна средба на засегнати страни во ски – центарот „Попова Шапка, 15.12.2108 година, х. „Славија“, Попова Шапка

Информација од одржана Работна средба на засегнати страни во ски – центарот „Попова Шапка, 15.12.2108 година, х. „Славија“, Попова Шапка

На ден 15.12.2108 година (сабота) во х. „Славија“ на Попова Шапка, на иницијатива на Управителот на „ЕЛЕМ ТУРС“ ДООЕЛ Скопје, господинот Џемаиљ Јусуфи, се одржа Работна средба со засегнатите страни на Попова Шапка.

За време на Работната средба главен акцент беше ставен на разгледување на можностите за соработка меѓу засегнатите страни во Ски – центарот „Попова Шапка“ со цел да се продискутираат и дефинираат можностите и шансите за зедничка соработка заради надминување на постоечките аномалии и создавање подобри услови за функционирање на Ски – центарот преку заедничка соработка и постигнување компромис.

Средбата беше идеална можност за размена на искуства, знаења, предлози и насоки за заживување на Ски – центарот „Попова Шапка“, од една, и преземање конкретни чекори и акции (секој во доменот на своите овластувања и надлежности) во делот на проблематичните – горливи точки, пред почетокот на претстојната зимска сезона, од друга страна.

Од средбата произлегоа бројни, конкретни идеи за соработка меѓу „ЕЛЕМ ТУРС“ ДООЕЛ како Друштво кое стопанисува со Ски – центарот „Попова Шапка“ и претставниците од следниве институции: ЈП „Македонија пат“, „Општина Тетово“, „Општински инспекторат“, „Сектор за јавни дејности на Општина Тетово“, „Сектор за нормативно – правни и административни работи на Општина Тетово“, „СВР“ – Тетово, Полициска станица „Попова Шапка“, „Јавно комунално претпријатие“ – Тетово, „АРМ“, „Клинички центар“ – Тетово, „Здравствен дом“ – Тетово, „Сообраќајна полиција“ – Тетово, „Агенција за заштита и спасување“, „Планинарска спасителна служба“, „Територијална противпожарна единица“ – Тетово, „Центар за управување со кризи“ – Подрачна единица Тетово. Почесен гостин на средбата беше заменикот на министерот за одбрана, господинот Беким Максути кој со своите предлози и предочувања даде значителен придонес кон конструктивност на среедбата.

Во иднина, како следни чекори, планирани се вакви работни средби и со останатите засегнати страни на Ски-центарот кои можат да дадат свој придонес кон подобрување на севкупната состојба со Ски – центарот „Попова Шапка“.

Сметаме дека само преку разговор и понуда на искуство и решенија може да стигнеме до нашата заедничка цел, а тоа е Ски – центар кој ќе биде удобно и привлечно место за љубителите на зимските спортови.

Close Menu