Посети ја Попова Шапка

Спакувај се за авантура и погледни на животот од друга висина!

На само еден час од главниот град, се простира снежна белина која остава без здив. Скијачкиот центар Попова Шапка нуди адреналин и бегство од урбаната џунгла.

За сите оние кои сакаат авантура на 1710 метри надморска висина, на скијачки патеки кои го креваат адреналиност со 20м/сек., ова е вистинската дестинација за вас. Двете жичарници и 6-те ски лифтови, 3-те уредени ски патеки по ФИС, патеката за Super G – Церипашина, велеслалом и слалом патеката гарантираат задоволување на сечиј вкус за авантура.

10268673_645027208880501_2871785394200488398_n

Доколку ви треба малку повеќе забава и предизвик, можете да потрошите екстра енергија во хотелското диско или да уживате во ноќно скијање, подигнувајќи го адреналинот на сосем ново ниво. Љубителите во алпско скијање, можат да бидат сведоци на најстарата манифестација на Балканот, Шарплансинскиот куп во слалом и велеслалом, кој се одржува секој февруари.

Огреана во сонце, Попова Шапка ветува добро поминато време во секоја сезона. За оние кои повеќе преферираат летни авантури, ова е вистинската дестинација за летен одмор, планинарење, планински велосипедизам и параглајдинг.

Хотелите Славија и Попова Шапка се одличен избор за сите оние кои сакаат да поминат денови исполнети со сонце, чист воздух, спортување и забава. Нашите капацитети гарантираат прекрасен и удобен одмор помеѓу миговите исполнети со активности.