Уживајте во Македонија во секоја сезона!

Попова Шапка - скијачки центар

Спакувајте се за авантура и погледнете го животот од друга висина!

Камери во живо

Попова Шапка е најпознат зимски спортско-рекреативен центар во Република Македонија. Се одликува со голем број на сончеви денови и снежна покривка од октомври до мај. Погоден за сите скијачки дисциплини. Посебно е привлечен за скијачи професионалци и рекреативци. Попова Шапка располага со прекрасни скијачки терени со површина од 35 км2.

ЕЛЕМ ТУРС подружница Попова Шапка Тетово, располага со два хотела “Попова Шапка” и “Славија” кои се наоѓаат на 1707 и 1780 м. надморска височина. Скијачкиот центар Попова Шапка е поврзан со локален асфалтен пат од Тетово во должина од 18 км. кој во редовно се одржува.

Огреана во сонце, Попова Шапка ветува добро поминато време во секоја сезона.

За оние кои повеќе преферираат летни авантури, ова е вистинската дестинација за летен одмор, планинарење, планински велосипедизам и параглајдинг.
Хотелите Славија и Попова Шапка се одличен избор за сите оние кои сакаат да поминат денови исполнети со сонце, чист воздух, спортување и забава. Нашите капацитети гарантираат прекрасен и удобен одмор помеѓу миговите исполнети со активности.

Хотел Славија

Хотел СЛАВИЈА е хотел од “Б” категорија и располага со 33 соби (двекреветни, трикреветни и четирикреветни) и 6 апартмани. Сите соби се со сопствена бања.

Хотелот располага со ресторан, тераса со поглед кон терените за скијање, сала за состаници, аператив бар, ТВ сала, продавница, сервис за изнајмување на ски опрема, билијард клуб, пинг-понг клуб, забавни игри, покриен базен и др.

Контакт и резервации

Хотел Попова Шапка

Хотел ПОПОВА ШАПКА е хотел од “Б” категорија, се наоѓа покрај самите скијачки терени и располага со 53 соби (двекреветни, трикреветни и четирикреветни). Сите соби се со сопствена бања.

Вкупниот капацитет е 190 гости. Хотелот располага со ресторан, аператив бар, ТВ сала, диско клуб, продавница, сервис за изнајмување на ски опрема, билијард, пинг-понг клуб, забавни игри и др.

Контакт и резервации

Close Menu