Одморалиштето “Вила Тиквеш”, во сопственост на Елем Турс, е сосема преуредено, и располага со сместувачки капацитет од шест новоопремени студија, сите со поглед на езерото.
ЦЕНОВНИК ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ХОТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ ВО ПОДРУЖНИЦИ НА „ЕЛЕМ ТУРС” – ДООЕЛ СКОПЈЕ
Плажата “ЕЛЕМ ТУРС“е лоцирана во непосредна близина на “Вила Тиквеш”, во центарот на Стар Дојран, кој воедно претставува и главен туристички локалитет за тој регион. Плажата се простира на вкупна површина од 1.600 метри квадратни на копно и површина од 1.700 метри квадратни за активности на вода.
Плажата “ЕЛЕМ ТУРС” се вбројува во една од најурбанизираните плажи во Република Макeдонија и несомнено е најуредената плажа на брегот на Дојранското Езеро. Плажата располага со сопствен шанк, бар и со капацитет за гости од 80 места за седење и 80 лежалки, за кои што се обезбедени 60 чадори за сонце.
За изгледот и квалитетот на плажата “ЕЛЕМ ТУРС” е користен песок со гранулација од 0 до 8, и поради тоа се вбројува во песочна плажа. Песочниот дел што го зафаќа плажата, се простира на површина од 1.000 метри квадратни, а летната тераса, се простира на површина од 400 метри квадратни. Исто така, на плажата има уредено и детско катче.
Дополнително, плажата располага и со сопствен паркинг простор за 35 возила на површина од 220 метри квадратни.
Контакт:
- Адреса: ул. Маршал Тито бб, Стар Дојран
- Тел: +389 2 3149 128
- Факс: +389 2 3149 129
- info@elemturs.mk