Планинска куќа Маврови Анови

Во срцето на националниот парк Маврово, одморалиштето Маврови Анови е едно од најомилените сврталишта токму поради разновидноста која ја нуди во текот на целата година.

Опколено од високи планини, огреано од сонце, распослано со недопрена природа, отворено кон Мавровското езеро, нуди безброј можности за рекреација и уживање. За љубителите на квалитетното скијање, одморалиштетео се наоѓа во близина на скијачкиот центар Заре Лазаревски и ски патеките.

Оние пак кои ја преферираат топлината на летното планинско сонце, може да уживаат во пешачките и велосипедските патеки. За оние поавантуристички расположени, Мавровското Езеро нуди можности за најразлични спортови на вода. Вљубениците во културата и традицијата, можат да ги посетат манасторот Св. Јован Бигорски, да прошетаат до Галичник и да конзумираат традиционална македонска кујна.

Или едноставно само да уживаат во чистиот планински воздух, гостопримството на домаќините и убавината на планинскиот пејзаж.

  • Планинска куќа Маврово / Mountain lodge Mavrovo

Планинската куќа се наоѓа во населбата Маврови Анови, во срцето на национачниот парк Маврово, во непосредна близина на Мавровското езеро и опколен со планините Бистра, Кораб, Дешат.

Во рамки на природна убавина, со неговата местоположба и инфраструктура, објектот нуди пријатен престој, одмор, забава и рекреација преку целата година.  Се наоѓа на само 10 минути од скијачкиот центар Заре Лазаревски и 100км оддалеченост од Скопје.

Сместувачки капацитет:

14 соби со три легла, 2 еднокреветни соби, 2 двособни апартмани со по четири легла, заедничка кујна, перална.

Одмаралиштето станува соспственост на ЕЛЕМ ТУРС ДООЕЛ Скопје на 20. јули 2012 година.

Во моментов има едно лице од ХЕС МАВРОВО во функција на домар за пречекување на гости и двајца чувари на објектот исто така вработени во ХЕС МАВРОВО. Нема вработени лица од ЕЛЕМ ТУРС во подружница Маврово.

mavrovo-kontakt-karta