Уживајте во Македонија во секоја сезона!
Пешачки и планинарски патеки во Национален парк Пелистер

Пешачки и планинарски патеки во Национален парк Пелистер

Хотелот Молика претставува уникатна и живописна природна околина на Пелистер кој ги овозможува нај атрактивните и авантуристичките доживувања за пешачење и планинарење. Со задоволство би сакале да Ве запознаваме со пешачките и планинарските патеки низ Националниот парк Пелистер:

1. Кружна планинарска патека до врвот Пелистер и назад до хотел Молика Хотел Молика – врв Пелистер – хотел Молика ► Должина на патеката: 21км ► Време: 8,5ч (приближно) ► Тежина: многу тешко
pesacka pateka pateka 1 pelister
► Висински точки на патеката: 1420м – 1936м – 2468м – 2542м – 2601м над морска височина, и назад до Молика. → Бегова чешма (Хотел Молика) 1420м → Планинарски дом “Копанки” 1610м → Видиковец 1936м → Врв “Стив” 2468м → Врв “Илинден” 2542м → Врв “Пелистер” 2601м → Камењар 2000м → Цапарска Пресека 1590м → Хотел Молика 1420м. Се препорачува за физички здрави, јаки и искусни планинари.

2. Планинарска патека до Големо Езеро Хотел Молика – Цапарска Пресека – Мало Езеро – Големо Езеро – Планинарски дом ,, Димитар Илиевски – Мурато “ ► Должина на патеката: 16км ► Време: 8-9ч (приближно) ► Тежина: тешко ►
pesacka pateka 2 pelister
Висински точки на патеката: 1420м – 1590м – 2000м – 2180м – 2220м над морска височина → Бегова чешма (Хотел Молика) 1420м → Цапарска пресека 1590м → Мало Езеро 2150м → Големо Езеро (Планинарски дом “Димитар Илиевски – Мурато”) 2218м. Се препорачува за физички здрави, јаки и искусни планинари.

3. Планинарска патека до ,, Јоргов Камен “ Хотел Молика – Копанки – Јоргов Камен – назад до хотел Молика ► Должина на патеката: 4км ► Време: 2-3ч (приближно) ► Тежина: не многу тешка ►
pesacka pateka pateka 3 jorgov kamen pelister
Висински точки на патеката: 1420м – 1610м – 1744м – 1610м – 1420м над морска височина → Бегова чешма (Хотел Молика) 1420м → Копанки 1610м → Јоргов Камен 1744м → Копанки 1610м → Бегова чешма (Хотел Молика) 1420м. Препорачано за сите вљубеници во природата!!

4. Историска патека од Прва Светска Војна – 1914-1918 Хотел Молика – Инфо центар – хотел Молика ► Должина на патеката: 2,5км ► Време: 2ч (приближно) ► Тежина: лесно ►
pesacka pateka pateka 4 istoriska pateka pelister
Висински точки на патеката: 1420м – 1350м – 1420м над морска височина → Бегова чешма (Хотел Молика) 1420м → Инфо центар – Национален Парк Пелистер 1350м → Бегова чешма (Хотел Молика) 1420м. Се препорачува за сите кои го посетуваат хотел Молика и Националниот парк Пелистер

5. Патека до “Голема Ливада” Хотел Молика – Детско одмаралиште – Мала Ливада – Голема Ливада – Инфо центар на Национален Парк Пелистер – Хотел Молика ► Должина на патеката: 6км ► Време: 2-3ч(приближно) ► Тежина: не многу тешко ►
pesacka pateka pateka 5 golema livada pelister
Висински точки на патеката: 1420м – 1270м – 1240м – 1187м – 1350м – 1420м над морска височина → Бегова чешма (Хотел Молика) 1420м → Детско Одмаралиште 1270м → Мала Ливада 1240м → Голема Ливада 1187м Назад до Молика → Инфо центар на Национален Парк Пелистер 1350м → Бегова чешма (Хотел Молика) 1420м. Се препорачува за сите кои го посетуваат хотел Молика и Националниот парк Пелистер

6. Патека до “Палиснопје” Хотел Молика – Инфо центар – Палиснопје – Копанки – Хотел Молика ► Должина на патеката: 7км ► Време: 3ч(приближно) ► Тешкотија/тежина: лесно ►
pesacka pateka pateka 6 palisnopje pelister
Висински точки на патеката: 1420м – 1350м – 1400?м – 1610м – 1420м над морска височина → Бегова чешма (Хотел Молика) 1420м → Инфо центар 1350м → Палиснопје 1500м → Копанки 1610м → Бегова чешма (Хотел Молика) 1420м Се препорачува за сите кои го посетуваат хотел Молика и Националниот парк Пелистер. Ние искрено се надеваме дека ќе имаме можност да ве пречекаме (имаме како гости во нашиот хотел), додека вие уживате во возењето велосипед на Пелистер???

———————————————————————————————

Повеќе информации: Хотел Молика – Пелистер

  • Бегова Чешма, Национален парк Пелистер
  • Тел: +389 47 229 406
  • Моб: +389 75 495 725
  • Email: hmolika@t-home.mk
  • www.hotelmolika.com.mk
Close Menu