Мисија

Нашата мисија е „ЕЛЕМ ТУРС“ ДООЕЛ да биде препознатлив бренд на туристичкиот пазар, нудејќи голем асортиман на туристички производи, ставајќи посебен акцент на квалитетот на услугите.

Работењето на „ЕЛЕМ ТУРС“ ДООЕЛ ќе биде во согласност со општите акти за работа на А.Д .“Електрани на Македонија”, како и во согласност со плановите за работа на матичната куќа и позитивните законски прописи во Република Македонија.

„ЕЛЕМ ТУРС“ ДООЕЛ ќе биде единствена деловна целина во чиј состав структурно и функционално ќебидат интегрирани сите работни единици од составот на АД “ЕЛЕМ”, кои работат во областа на туризмот и угостителството и чија што задача ќе биде креирање и продажба на самостојни туристички производи, како и обликување на туристички услуги и содржини кои ќе партиципираат во креирањето на комплексни туристички производи во соработка со други субјекти од земјата и од странство.