Уживајте во Македонија во секоја сезона!
Известување – Автокамп Ливадишта – с.Радожда Струга

Известување – Автокамп Ливадишта – с.Радожда Струга

Почитувани пријатели и гости на Автокампот Ливадишта – с.Радожда Струга,
Ве известуваме дека поради санирање на инфраструктурните постројки (електрична мрежа, водоводна, одводна мрежа и сл.) како и поради вршење на комплетни подготовки пред започнување на летната туристичка сезона за 2018 година, Автокампот ,,Ливадишта’’ во Струга ќе започне со работа на 01.06.2018 година.
Исто така Ве известуваме дека услугите во Автокампот ,,Ливадишта” од 30.04.2018 – 01.06.2018 година година ќе можат да ги користат само:

  • Закупците кои веќе имаале склучено Договор за закуп со ЕЛЕМ ТУРС ДООЕЛ Скопје Подружница ЛИВАДИШТА Струга за 2017 година и ја имаат подмирено закупнината во целост од истиот;
  • Сите оние корисници на услугите во автокампот кои веќе имаат склучено Договор за закуп со ЕЛЕМ ТУРС ДООЕЛ Скопје Подружница ЛИВАДИШТА Струга за тековната 2018 година или ќе секлучат договор пред 01.06.2018 година;
  • Како и сите оние нови корисници на услуги кои планираат да ги користат услугите на Автокампот ,,Ливадишта” и ќе склучат Договор за закуп со ЕЛЕМ ТУРС ДООЕЛ Скопје Подружница ЛИВАДИШТА Струга за тековната 2018 година од 30.04.2018 година.

Со почит
Друштво за туризам, угостителство , рекреација и спорт
ЕЛЕМ ТУРС ДООЕЛ Скопје

Close Menu