Историја

„ЕЛЕМ ТУРС“ ДООЕЛ е компанија формирана на 17 мај 2012 година од страна на АД “Електрани на Македонија”, која што воедно е и единствен содружник на „ЕЛЕМ ТУРС“ ДООЕЛ.

Примарна дејност на „ЕЛЕМ ТУРС“ ДООЕЛ е работењето во областа на туризмот, угостителството, рекреацијата и спортот, поточно креирање и продажба на туристички производи кои ќе бидат дел од националната и регионалната туристичка понуда.

Во рамките на Друштвото „ЕЛЕМ ТУРС“ ДООЕЛ СКОПЈЕ, покрај Дирекцијата со седиште во Скопје, влегуваат следниве подружници :

  • Подружница „Попова Шапка“ (Ски – центар „Попова Шапка“ со хотелите „Попова Шапка“ и „Славија“);
  • Подружница „Молика“ (Ски – центар „Копанки“ и хотел „Молика“ );
  • Подружница „Ливадишта“ (Авто -камп “Ливадишта” и Сместувачки капацитет „Свети Стефан“на брегот на Охридското Езеро);
  • Подружница „Маврови Анови“ (сместувачки објект , поранешно работничко одморалиште, во Маврови Анови);
  • Подружница „Стар Дојран“ (Сместувачки објект „Вила Тиквеш“ на брегот на Дојранското Езеро и плажа со летна тераса и шанк);