Хотел МОЛИКА – Пелистер

Hotel Molika Pelister

Хотел Молика е најрепрезентативниот хотел со кој располага Друштвото за угостителство рекреација и спорт ЕЛЕМ ТУРС ДООЕЛ Скопје.

Хотелот се наоѓа на Баба планина во Националниот парк Пелистер. Самата местополжба на хотелот овозможува поглед на градот Битола и околината.
Хотелот располага со 54 соби (еднокреветни, двокреветни и трокреветни) и 3 апартмани, две конгресни сали опремени со неопходна и современа техничка апаратура со капацитет од по 40 седишта. Како и аперитив бар, атрактивна летна тераса, екслузивна банкет сала, ски гардероба и други содржини.
Во склоп на хотел Молика функционира и скијачкиот центар Копанки кој располага со една двоседа жичара – Бегова чешма и еден ски лифт – Копанки.
Должината на жичарата и ски лифтот изнесува 1326 метри со капацитет од 1133 скијачи на час. Двете скијачките патеки се со средна тежина и нивната должина изнесува 1341 метар со површина од 53640 м2

 

ЕЛЕМ ТУРС ДООЕЛ Скопје
Подружница Молика Битола
Хотел Молика
Национален парк Пелистер бб
7000 Битола
Р. Макеоднија
Контакт телефони : 047 229 406 – факс 047 229 048
hmolika@t-home.mk
www.hotelmolika.com.mk

Хотелот ,,Молика,, претставува капацитет од  трета категорија (3 звезди ***) , кој во целост е прилагоден и амбиентално е вклопен со својот надворешен и внатрешен изглед во околината што го опкружува. Спојот на дрво и мермер, олицетворение на замислата на дизaјнерот овозможува со престојот во хотелот, секој посетител да ја почуствува топлината и душата на објектот во сите делови.

Самата местоположба на хотелот на североисточниот дел од Националниот парк, овозможува поглед на Пелагониската котлина, градот Битола и околината, кој ви го одзема здивот. Овој дел од паркот е еден од најинтересните и највозбудливите локалитети специфичен по богатството на ретки видови растителен и животински свет.

 Услуги што ги нуди хотелот

Хотелот располага со 54 соби (еднокреветни, двокреветни и трокреветни) и 3 апартмани, складно разместени на 4 нивоа со поглед на хоризонтот на источната страна и со поглед на планината на југозападната страна каде што во текот на целиот ден се осветлени со пријатното планинско сонце во сите временски сезони.

Две конгресни сали опремени со неопходна и современа техничка апаратура, аперитиф бар, атрактивна летна тераса, екслузивна банкет сала, продавница за сувенири. Покрај се, најзабележителни се многубројните планинарски патеки, атрактивни локации и познати локалитети кои не опкружуваат и во чиј непосреден склоп работи хотел Молика.

 Хотелскиот ресторан

Хотел “Молика” располага со ресторан со летна бавча со капацитет до 200 ресторантски седишта (од кои ресторанот е со капацитет од 160 седишта а терасата од 40 седишта). Во склоп на ресторанот функционира добро опремена професионална кујна која што секогаш е подготвена професионално да излезе во пресрет на сите барања и желби од страна на гостите, со можност да уживаат во врвните мајстории на гастрономите кои подготвуваат  секакви видови специјалитети од националната и интернационалната          кујна.

Хотелот во своето работење се прилагодува и доследно ја спроведува маркетинг концепцијата испитувајќи го и промовирајќи се на туристичкиот пазар во земјата и   пошироко, пазарот во соседните Балкански земји, доближувајќи ги своите услуги, посебно ресторантските до светските стандарди и норми кои денес ги очекува современиот турист.

 

Препознатливост на  хотелот Молика

Она што секако го издвојува хотелот Молика од останатите објекти во нашата република се топлината, мирот и спокојството кои уште од првото доаѓање и првиот остварен контакт го пленат срцето и душата на секој гостин добронамерник. Ведрата насмевка и традиционалната гостопримливост на сите вработени во комбинација со недопрената природна убавина со раскошот на бои и мириси и можноста за прошетки по многубројните пешачки патеки, видиковци, велосипедски тури, етно посети, еко екскурзии и алпинистички рути го исполнуваат чувството на секој посетител дека се наоѓа на вистинско место каде што може да доживее активен одмор во природа.

Во екот на зимската туристичка сезона хотелот Молика и Ски Центарот Копанки претставуваат уште една комплетна понуда за сите љубители на зимските ски спортови.

Историјат на хотелот Молика

Хотел Молика е основан 1994 год. Од нашето постоење па се до денес , хотелот  и тимот кој работи , безрезервно се  посветени да им открие нови начини на уживање на нашите гости. Без разлика дали гостите ја  преферираат природата, пешачењето, планинарењето, ски спортовите, велосипедизмот или едноставно ја обожувате богатата традиционална кујна, ние сме секогаш тука да  обезбедиме единствено искуство во услугата и исклучително квалитетен престој за време на Вашата приватна посета или при реализацијата на Вашите работни средби.

Хотелот Молика постои за да создаде лични вредности кои никогаш нема да се заборават.

Хотел Молика претставува угостителско туристички капацитет сместен на 1420 метри надморска висина во срцето на Националниот парк Пелистер.

Располага со 57 соби од кои :

–          три апартмани

–          три трокреветни соби

–          останатите соби се двокреветни соби, двокреветни соби со детски лежај и соби со француски лежај.

Покрај тоа во склоп на хотелот работи и :

–          ресторанска сала со капацитет од 170 седишта

–          две семинарски сали секоја со капацитет за околу 40 учесници

–          банкет сала со 15 – 20 седишта, како и

–          летна тераса со 80 седишта