Уживајте во Македонија во секоја сезона!
ЕКОЛОШКА АКЦИЈА НА СКИ ЦЕНТАРОТ ПОПОВА ШАПКА – 16.04.2018

ЕКОЛОШКА АКЦИЈА НА СКИ ЦЕНТАРОТ ПОПОВА ШАПКА – 16.04.2018

Во организација на друштвото за туризам, угостителство, рекреација и спорт ЕЛЕМ ТУРС ДООЕЛ Скопје, подружница Попова Шапка – Тетово на 16.04.2018 година беше организирана Еколошка акција и чистење на Ски центарот Попова Шапка со активно учество на сите вработени од Ски центарот и останатите колеги-туристички работници од Попова Шапка кои ги користат услугите на овој ски центар.

Како резултат на крајот на зимската ски сезона, која беше дефинирана со последниот ски работен ден на 15.04.2018 година, еколошката акција имаше задача да ја подигне свеста за заеднички придонес во рамките на нашата општествена одговорност , како Друштво, со давање исклучителен придонес во напорите за подобро функционирање на Ски центарот Попова Шапка, се со цел добивање на здрава еколошка средина за оваа значајна туристичка дестинација во Република Македонија.

ЕЛЕМ ТУРС ДООЕЛ СКОПЈЕ, уште еднаш ја потврди својата искрена намера да го чува овој прекрасен планински бисер, со дополнителна најава за уште една многу помасовна Еколошка акција, која ќе биде реализирана на 12.05.2018 година (Сабота), во која се планира учество на многу засегнати страни од општина Тетово и вклучување на еколошки, спортски, невладини и други здруженија кои ќе дадат максимален придонес во генералното чистење на Попова Шапка пред стартот на летната сезона.

 

 

Close Menu