Уживајте во Македонија во секоја сезона!
ЕКОЛОШКА АКЦИЈА “СИТЕ ЗА ПОПОВА ШАПКА“ (фото галерија)

ЕКОЛОШКА АКЦИЈА “СИТЕ ЗА ПОПОВА ШАПКА“ (фото галерија)

Во организација на друштвото за туризам, угостителство, рекреација и спорт ЕЛЕМ ТУРС ДООЕЛ Скопје, подружница Попова Шапка – Тетово на 12.05.2018 година се организира Еколошка акција „Сите за Попова Шапка“ со активно учество на сите вработени од Ски – центарот, „Аларм за природата“, колеги-туристички работници од Попова Шапка кои ги користат услугите на овој Ски – центар, голем број граѓани и активисти.
Оваа акција е втора од ваков вид. Првата, беше организирана со завршување на зимската сезоната во месец април. Оваа акција е најава на претстојната, летна сезона во Ски – центарот.

Целта на еколошката акција е да ја подигне свеста за заеднички придонес во рамките на нашата општествена одговорност, како Друштво, со давање придонес во напорите за подобро функционирање на Ски – центарот Попова Шапка, се со цел добивање на здрава еколошка средина за оваа значајна туристичка дестинација во Република Македонија.

Еколошката акција наиде на одличен прием кај јавноста, за што сведочи и големиот број учесници во истата.

Ваквите акции во Ски – центарот Попова Шапка во иднина, ќе бидат традиција.

Им благодариме на сите што зедоa акативно учество во напорите за создавање подобро место за сите нас.

Close Menu