Уживајте во Македонија во секоја сезона!

Вила-Тиквеш – Стар Дојран

Ова лето вратите на одморалиштето „Вила-Тиквеш“ сопственост на АД ЕЛЕМ се ширум отворени за туристите и за сите гости  кои ќе го посетат Стар Дојран.  

АД ЕЛЕМ преку својата подружница „ЕЛЕМ ТУРС“ посвети сериозно внимание на Стар Дојран, комплетно го реновираше одморалиштето „Вила –Тиквеш“ и целосно  ја уреди  плажата. Пред две години одморалиштето  “Вила Тиквеш”  е  преуредено,  и сега располага со сместувачки капацитет  од  шест новоопремени студија, сите  со поглед на езерото.

  • Дојран / Dojran

Во насока на воведување нови туристички содржини, а од тука и зголемување на економската и туристичката миграција, која меѓудругото ќе резултира и со зголемување на бројот на гости-туристи во текот на целата година  АД ЕЛЕМ во 2012 година склучи  договор со Министерството за транспорт и врски за краткотраен закуп на земјиште – со намена плажа, за период од пет години.

Претседателот на Владата  г. Никола Груевски заедно со генералниот директор на АД ЕЛЕМ Дејан Бошковски, директорката на „ЕЛЕМ ТУРС“ Јованка Стојанова и градоначалникот на Општина Дојран Борче Стамов ја посетија новоотворената плажа долж  Дојранското крајбрежје. „Радува фактот што во март годинава бројот на туристи во Македонија е зголемен за 7,5 отсто во однос на истиот месец од 2012 година, а бројот на ноќевања пораснал за 10,2 отсто. Тоа се сериозни трендови на зголемување на бројот на туристи и кои не доаѓаат сами со себе, туку се резултат на многуте активности на Владата и на многу работа, ангажман и спроведени проекти за зголемување на туристичката понуда“ истакна премиерот Груевски при посетата на новоотворената плажа на АД  ЕЛЕМ.

Плажата “ЕЛЕМ ТУРС“е лоцирана  во непосредна близина на “Вила Тиквеш”,  во центарот на Стар Дојран, кој воедно претставува и главен туристички локалитет за тој регион. Плажата се простира на вкупна површина од 1.600 метри квадратни на копно и површина од 1.700 метри квадратни за активности на вода. За изградбата и уредувањето на овој капацитет, АД ЕЛЕМ инвестираше приближно 26,8 милиони денари, од кои 15 милиони во градежни работи, 10 милиони во опрема за плажата и 1,8 милиони денари за изградба на понтонско пристаниште во должина од 12.5 метри и широчина од 2.4 метри, со висина над водата од половина метар. Со оваа инвестиција на АД ЕЛЕМ, плажата “ЕЛЕМ ТУРС” се вбројува во една од најурбанизираните плажи во Република Макeдонија и несомнено е најуредената плажа на брегот на Дојранското Езеро. Плажата располага со сопствен шанк, бар и најмодерна музичка опрема, и со капацитет за гости од 80 места за седење и 80 лежалки, за кои што се обезбедени 60 чадори за сонце. За изгледот и квалитетот на плажата “ЕЛЕМ ТУРС” е користен песок со гранулација од 0 до 8, и поради тоа се вбројува во песочна плажа. Песочниот дел што го зафаќа плажата, се простира на површина од 1.000 метри квадратни, а летната тераса, се простира на површина од 400 метри квадратни. Исто така, на плажата има уредено и детско катче.

Дополнително, плажата располага и со сопствен паркинг простор за 35 возила на површина од 220 метри квадратни. Туристичката сезона започна. Стар Дојран очекува  повеќе гости од минатата година.

Close Menu