Уживајте во Македонија во секоја сезона!
„Аларм за природата“ од 28 јуни до 1 јули во камп Ливадиште

„Аларм за природата“ од 28 јуни до 1 јули во камп Ливадиште

Автокампот „Ливадишта“, оваа година ќе биде домаќин на третиот по ред еко-фестивал „Аларм за природата“, Струга, од 28 јуни до 1 јули 2018 година.
Бројни еко – акции, предавања и музичка програма.

Да се собереме СИТЕ во заедничка акција за соочување на езерата во Македонија и решавање на проблемите со животната средина…. АЛАРМ ЗА ПРИРОДАТА 2018!!!

Целата програма објавена од Организатотот следува тука:

Четврток 28.06.2018 год.

11.00 – 12.00 Пристигнување и собирање во центарот на градот Струга ќе се продолжи со распределба на 2 групи и поделба на рекламен материјал за настанот. Пристигнување во кампот.
16.30 Анкета • Справување со цврстиот отпад во домаќинствата – ОСТУ „Наце Буѓони„ Куманово
16.30 Презентирање на начини за искористување на природни материјали, отпадот и дискусија за бенифитите –ОСТУ „Наце Буѓони„ Куманово, ОУ„Гоце Делчев“ Битола, Изработка на куќичкa за птици од природни материјали(трска, каменчиња, школки), Изработка на релјефна уметност (пастрмки, птици) од дрвo и каменчиња.- ООУ “Димката Ангелов Габерот” – Кавадарци, Изработка на елементи од дрво, Фонтана од природен камен, Мозаик од камчиња -СОУ„Никола Карев“ – Струмица, “Eco – Alarm Fashion“ – СОУ „Орде Чопела“ – Прилеп, Од смет до цвет – ДСУ за рехабилитација и образование ,,Св. Наум Охридски “- Скопје, Електронски отпад, постер – енергетската ефикасноста на објектите, облека од отпадна хартија и пластични ќеси – ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ – Охрид, Изработка на мебел од стари палети, Реупотреба на стари автомобилски гуми, Реупотреба на пластична амбалажа – Средно Општинско Училиште “Таки Даскало “ – Битол
16.30 Ликовна колонија слики за чиста животна средина, плакати со мото и пароли за “АЛАРМ за ПРИРОДАТА” СОУ “Гоце Делчев” Валандово, Сликање на природни материјали – ООУ “Димката Ангелов Габерот” – Кавадарци
20.30 Еколошки Тимски Предизвици – СОУ „Орде Чопела“ – Прилеп Документарен краток филм и видео презентација на тема Еко изработена од компјутер- техника генијалци – СОУ “Гоце Делчев” Валандово

Петок 29.06.2018 год.

09.30 Влијанието на екологијата врз домашните миленици – Хуманитарно Едукативна Организација Хајга Штип
10.15 Slam поезија – Аларм за природата – Poetry Slam Macedonia
11.15 Живот без користење на пластика и без производство на отпад, Здружение за одржлив развој СФЕРА
16.00 Визија за Еко-Социјалниот развој ЕКОСКОП, Скопје
17.00 Еко-етика и Еколошки стандарди – ISO 14 000 ЕКОСКОП, Скопје
18.00 Биодиверзитетот и неговата улога за само-рециклирање на природата ЕКОСКОП, Скопје
20.00 Органско производство, барања на стандардот и процес на сертификација – Здружение на производители на органска храна „БИОВИТА“ – Кавадарци
20.00 Валандовски еко slow food штанд – СОУ “Гоце Делчев” Валандово
21.00 Музичка композиција HIP HOP со наслов : “ Мајка Планета “ – СОУ “Таки Даскало “ – Битола
21.30 Conquering Lion
22.30 Милко
23.30 Културно уметнички работници
00.30 Rootboy selector

 

 

 

Сабота 30.06.2018 год

09.30 Презентација за движењето Let’s do it – Здружение за одржлив развој и заштита на животната средина – ГоуГрин
10.15 Обновливи извори на енергија – ЕКО Програма – СОУ „Орде Чопела“ – Прилеп
11.15 Природен производ = Еколошки индикатор – СОУ „Орде Чопела“ – Прилеп
16.00 Бојни отрови и влијанието на човекот врз животната средина – СОУ Гимназија ,, Мирче Ацев’’ – Прилеп
17.00 Со природата сум во контакт често зашто здравјето ми е на прво место – ДСУ за рехабилитација и образование ,,Св. Наум Охридски “- Скопје
18.00 Еко-хуманитарен проект „Рециклирај и Донирај“ – ЗГ „ЉУБЕЗНОСТ“ – СКОПЈЕ & СУНИЛЕНС ДООЕЛ СКОПЈЕ
20.30 Slam поезија – Аларм за природата – Poetry Slam Macedonia
21.00 Аграр Бенд – СОУ “Гоце Делчев” Валандово
21.30 Muhamed Ibrahimi
22.30 Мугер Фугер
23.30 Нокаут
00.30 BTKRSH

Недела 01.07.2018 год.

09.10 Вода за сите – ОУ„Гоце Делчев“ Битола Капка вода – Еден живот – СОУ „Орде Чопела“ – Прилеп
10.45 Женски отпад во тоалет и отпадни води – Новинари за човекови права и Еко
12.00 Импровизација на Дебатен Натпревар – СОУ „Орде Чопела“ – Прилеп
14.00 Ручек – прогласување на еко поединец, прогласување на еко училиште, прогласување на еко волонтер, доделување благодарници за учество Slam поезија – Аларм за природата – Poetry Slam Macedonia – Победник
17:00 Средување на кампот
18.00 Заминување

Организаторот го задржува правото на промени и дополнување на програмата.

Фестивалски билет за сите 4 дена чини 500 денари.
Дводневна карта која важи за 29 и 30 јуни чини 400 денари.
Додека еднодневните карти се по цена од 300 денари.

Дојдете заедно со музика и екологија до почиста животна средина!

***************************************************************
Аларм за природата е иницијатива за обединување на силите на зелената армија, музиката и уметноста, образованието и студентските организации, науката и технологијата, владините и невладините организации, млади и стари, СИТЕ во заедничка акција за соочување и решавање на проблемите со животната средина. Основната идеја е да се популаризира концептот за обновување и зачувување на животната средина, да се разбуди чувството на поврзаност и меѓузависност помеѓу човекот и животната средина и свесноста за моќта на индивидуалното влијание врз природната околина и тоа преку активности и кои се интересни и атрактивни за младите. Крајната цел е мотивација за преземање на активна улога во заштитата и зачувувањето на природата и практикување на здрав начин на живот во хармонија со природата.

Close Menu