Уживајте во Македонија во секоја сезона!
12.05.2018 – ЕКО – АКЦИЈА ВО „СКИ – ЦЕНТАРОТ ПОПОВА ШАПКА“!

12.05.2018 – ЕКО – АКЦИЈА ВО „СКИ – ЦЕНТАРОТ ПОПОВА ШАПКА“!

Во сабота (12.05.2018 година) во 10 часот, „ЕЛЕМ ТУРС“ ДООЕЛ Скопје – Подружница „Попова Шапка“ организира Еколошка акција во Ски – центарот „Попова Шапка“.

Бесплатен превоз за сите заинтересирани да се вклучат во еколошката акција.

Збирно место – 12.05.2018 година, 9 часот, место викано Жичара (муслимански гробишта) во Тетово.

Активно учество на настанот ќе земат сите вработени од Ски – центарот, засегнатите страни во Центарот и останатите туристички работници од Попова Шапка кои ги користат услугите на овој Ски – центар.

Еколошката акција има задача да ја подигне свеста за заеднички придонес во рамките на нашата општествена одговорност, како Друштво.

Сите се добредојдени….

Close Menu