Уживајте во Македонија во секоја сезона!
Меморијал Стеве Илиески – Караѓуле 2019

Меморијал Стеве Илиески – Караѓуле 2019

Ски – центарот „Попова Шапка“ и „ЕЛЕМ ТУРС“ беа домаќини и поддршка на традиционалниот меѓународен скијачки „Меморијал Стеве Илиески – Караѓуле 2019“ што се одржа викендов, во организација на „Пријателите на Стеве“, МК „Александар“, СК „Полар“ и СК „Шарпланинец“.

На осмото издание на велеслаломот за деца учествуваа рекорден број македонски натпреварувачи, 119 од вкупно 154 учесници. На стартната листа имаше натпреварувачи од ски-клубови и школи од Црна Гора, Бугарија, Србија, Косово и Македонија. За првпат овој натпревар беше бодуван и за Алпскиот куп на Македонија во организација на Скијачката федерација на Македонија. Специјалните пехари „Караѓуле“ наменети за најмлади учесници ги добија Даница Илиќ од Србија и Бриз Цана од Косово и двајцата со неполни 5 години.

По категории најуспешни беа:

  • Снегулки – женски: Клеа Вокши (Косово)
  • Снегулки – машки: Бранко Калеников (СК Сноу спорт, Македонија)
  • Помлади цицибанки: Дуња Ковачевиќ (Црна Гора)
  • Помлади цицибани: Диар Садику (Косово)
  • Постари цицибанки: Ема Садику (Косово)
  • Постари цицибани: Данило Илев (АСК Скади, Македонија)
  • Деца 1 – женски: Лирика Дева (Косово)
  • Деца 1 – машки: Клос Вокши (Косово)
  • Деца 2 – женски: Киана Круезиу (Косово)
  • Деца 2 – машки: Дрен Спахиу (Косово)
Close Menu