Цели

„ЕЛЕМ ТУРС“ ДООЕЛ е формиран со цел да биде водечка национална компанија во областа на туризмот, која ќе земе активно учество во креирањето на Република Македонија како компетентна и конкурентна туристичка дестинација, а ќе учествува и во организирањето и планирањето на поширокиот туристички простор, надвор од националните граници.

„ЕЛЕМ ТУРС “ ДООЕЛ како единствена деловна целина на матичната компанија АД “ЕЛЕМ” , задолжена за работење во областа на туризмот, ќе изврши интегрирање на сите субјекти во рамките на компанијата кои работат во областа на туризмот и угостителството, со главен акцент на три цели:

  • Персонално екипирање, примарно преку докфалификација и преквалификација на постоечките стручни лица, со цел да се добијат врвно обучени професионалци во областа на туристичкото работење кои ќе можат да одговорат на предизвиците кои ги наметнува современиот растечки пазар.
  • Инфраструктурна модернизација (супраструктурна) на сите туристички капацитети, со цел нивно адаптирање според највисоките светски стандарди кои се присутни во видовите од туристичката понуда што ќе ја развива друштвото во наредниот период. Крајна цел на модернизацијата е зголемување на вкупниот туристички промет и зголемување на профитот, преку зголемување на конкурентноста, ефикасноста и ефективноста во работењето.
  • Развој и имплементација на нови технологии во процесот на креирање на домашните туристички производи,, кои ќе можат компетентно и конкурентно да бидат пласирани на домашниот и светските пазари, со цел обезбедување долгорочен туристички развој што ќе почива врз принципите на одржливост и развој.