Уживајте во Македонија во секоја сезона!
ХОТЕЛ МОЛИКА – НАЈУСПЕШЕН ХОТЕЛ ВО ПЛАНИНСКИ ПРЕДЕЛИ

ХОТЕЛ МОЛИКА – НАЈУСПЕШЕН ХОТЕЛ ВО ПЛАНИНСКИ ПРЕДЕЛИ

dsc_0044

Хотел „Молика“ е избран за најуспешен хотел во планински предели кој од Министерството за економија доби награда по повод Светскиот ден на туризмот – 27-ми септември што годинава се одбележув под мотото „ Туризам за сите: лица со хендикеп, стари лица и семејства кои патуваат со мали деца“.

Наградата ја подигна м-р Јованка Стојанова – Управител на ЕЛЕМ ТУРС ДООЕЛ Скопје – Друштво кое стопанисува со хотелот Молика.

Овие признанија Министерството за економија ги доделува традиционално на празникот на туристичките работници.

Годинава признанија добија 50 најуспешни претставници од туристичкиот сектор. И оваа година изборот е направен врз основа на предлози на туристичките здруженија и комори, имајќи ги предвид и извештаите од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, во делот на доделени субвенции за организиран туристички промет, како и активностите на комисиите кои работат на категоризација на хотели, ресторани и лиценцирање туристички агенции.

dsc_0036

2-1

Close Menu