Користете ги природните богатства на Македонија, почуствувајте ги планинските убавини и реализирајте ги Вашите наставни програми во природа , организирајте кружни и еднодневни екскурзии !
Теми кои заедно можеме да ги организираме :
,, Еколошки хепенинг “ – Запознавање со флората и фауната на Пелистер и Попова Шапка, значењето на
ендемските видови на растенија , карактеристични видови на животински свет
,, Природата зборува “ – почва , вода , воздух, ерозија и геоморфолошки карактеристики на Пелистер и Шар
Планина како планинските убавици во Македонија
,, Екологија и здрава животна средина “ – Улогата на човекот во еколошките процеси во глобални размери
,, Историски час во природа “ – Посета на Историските патеки, музеј на Националниот Парк Пелистер
,, Запознавање на културните вредности “ – Посета на Шарена Џамија , Тетовско Кале , Хераклеја , Широк
Сокак и градската архитектура.
,, Рекреација во природа “ – Развивање интерес за спортски активности, создавање навики за здраво
живеење , планинарење , планински велосипедизам услови и можности на Пелистер и Попова Шапка .
,, Скијањето како спортска дисциплина “ – Запознавање со Ски центрите Попова Шапка и Пелистер ,
можностите и проектите кои во иднина ке го одбележат овој спорт во Македонија.
Понуда
– Цени и услови за сместување на база Полн Пансион во хотелите Попова Шапка и Славија
врз основа на ценовната политика на ЕЛЕМ ТУРС за 2016 година.
– Комплет ручек по цена од 250,00 денари во рестораните на хотел Молика – Пелистер и
Славија Попова Шапка – Тетово, со вкалкулиран еден безалкохолен пијалок.
– Организиран ,, Пикник во природа “ со подготовка на ,, Ланч пакет “ по цена од 250,00
денари ,асортиман и мени по желба и дистрибуција по избор на гостите на атрактивни
локации на Пелистер и Попова Шапка.
Контакт и резервации : ЕЛЕМ ТУРС ДООЕЛ Скопје
Подружница Молика Битола тел.: 47 229 406, факс: 47 229 048 e-mail: hmolika@t-home.mk
Подружница Попова Шапка Тетово тел.: 44 361 122, факс: 47 360 464 e-mail: contact@popova-sapka.mk