Традиционално и оваа година со своја ексклузивна понуда и голем број новитети, како дел од изложувачите на саемот Скопје травел маркет се претстави и компанијата Елем Турс. Саемот претставуваше одлична можност Елем Турс да ги претстави на едно место своите капацитети и убавините на бројните содржини со кои располага, пред домашните и интернационалните посетители. На овој саем Елем Турс овозможи одлични понуди за сите потенцијални клиенти во неколкутте туристички капаците со кои оваа компанија располага .
На наше огромно задоволство на саемот не посетија туристички агенции од соседните држави, Србија, Црна Гора, Албанија, на кои имавме одлична можност да им ги преставиме убавините на Македонија и туристичките дестинации од Елем Турс.
Секако за нас едни од поважните беа и граѓаните на нашата Република кои во голем број не посетија на нашиот штанд и ги запознавме со нашите капацитети, а тоа се:
Автокамп ЛИВАДИШТА– Струга, најубавиот и најголем автокамп во Македонија
Попова Шапка, Хотели Попова Шапка и СЛАВИЈА со иделна местоположба и поглед кој ги одмара и духот и телото
Хотел Молика , во срцето на Пелистер во рајот наречен природа, за активен одмор и воздушна бања
Дојран-апартмани
Апартмани во Маворово
Апартмани и студија “Св. Стефан” – Охрид
“Туризмот како стопанска гранка неминовно се вклопува во трендовите на општествениот живот на 21. век. Затоа и Елем Турс цели кон тоа, туризмот да биде економски двигател за развој на општините каде оваа компанија поседува Туристички капацитети” , изјави уравителот на Елем Турс, М-р Јованка Стојанова.