Уживајте во Македонија во секоја сезона!
Пресс

Пресс

14.06.2014 – АЛФА ТВ – ВИДЕО : Со низа инвестиции на Попова Шапка, центарот станува врвна дестинација

Нови ски патеки, жичарница, хотел, сноу парк, вештачки снег. Бројните инвестиции кои ја чекаат Попова Шапка, ќе дадат потполно нов сјај на центарот. Според мастер планот на ЕЛЕМ, за првата фаза се предвидени 30 милиони евра. Добрата вест за скијачите е изградбата на нови ски патеки.

За втората и третата фаза, ЕЛЕМ преку јавен повик ќе бара стратешки партнер за понатамаошни вложувања, кои Шапка сигурно ќе ја направата врвна туристичка дестинација.
 
Наспроти спарното време и горештините по градовите, летните денови на Шапка се многу попријатни и посвежи. Многу туристи летниот одмор го поминуваат токму овде, уживајќи во прекрасната и богата природа.
 
 

 

20.02.2014  АЛФА ТВ – ВИДЕО : “Сите на снег” на Попова Шапка

Педесетина деца од Скопје, Велес и од Кочани беа дел од манифестацијата “Сите на снег”, која за прв пат се одржа на Попова Шапка. Организаторите, скијачката федерација, клубот “Полар” и ЕЛЕМ Турс, за дечињата обезбедија целодневно уживање со бесплатен превоз, часови по скијање и опрема.

Падините на Попова Шапка и овој пат се покажаа како идеално место, каде најмладите низ дружење, ги учеа зимските спортови.
Целта на манифестацијата е дечињата уште од мали да ги засакаат и научат зимските спортови, но пред се да уживаат на снегот.
Иако, за разлика од минатите години, оваа година на зимските центри снегот го немавме во изобилие, сепак, и скромната снежна покривка, беше вистинско уживање за дечињата. 
 
Поради олимписките игри во Сочи, годинава на Попова Шапка не се одржа традиционалниот Шарпланински куп.Но, центарот секој викенд е преполн со туристи за кои се организираат низа манифестации.

 

Close Menu