Уживајте во Македонија во секоја сезона!
Потпишан меморандум за соработка помеѓу ЕЛЕМ ТУРС и ЦЕМС

Потпишан меморандум за соработка помеѓу ЕЛЕМ ТУРС и ЦЕМС

Денес ЦЕМС потпиша меморандум за соработка со ЕЛЕМ ТУРС од чија содржина и двете страни ќе имаат бенефит од соработката а пред се во насока на унапредување на спортскиот туризам во нашата држава.

За таа цел најавуваме и тематска конференција со наслов ,,Спортот не прави горди и обединети” која ќе се одржи од 08 до 10 Јуни 2018 во Хотел ,,Молика” во Битола каде ќе имаме заедничка организација и активности со цел афирмација и унапредување на спортот и спортскиот туризам.

За деталите и се она што ќе биде како активност на истата ќе ја информираме јавноста на прес конференција. Благодарност до директорот на Елем Турс г-дин Никола Каровски за соработката и пред се искрениот однос во насока на наша успешна соработка во иднина.

Close Menu