Уживајте во Македонија во секоја сезона!
Планински велосипедизам Пелистер

Планински велосипедизам Пелистер

Mount Bike Pelister

Хотел Молика и уникатите пејзажи на Националниот Парк Пелистер ги овозможуваат едни од најатрактивните и највозбудливите велосипедски доживувања.

Со особено задоволство Ви ги претставуваме велосипедските патеки:

Велосипедска патека „Големо Езеро“

  • Должина на патеката – 35 км
  • Времетраење на патеката – околу 6 часа
  • Тежина на патеката –  тешка
  • Амплитуда на надморска висина – 1420 м. – 2180 м. – 1420 м.

Опис: Патека по земјен пат со можност да се доловат прекрасните видици на Пелистер која е поделена на три периоди од кои најтежок е средниот на искачување. Препорачлива е за искусни учесници.

velosipedizam_golemo_ezero

Кружна велосипедска патека „Бегова чешма – Големо езеро – Ниже поле“

  • Должина на патеката – 45 км
  • Времетраење на патеката – околу 8 часа
  • Тежина на патеката –  тешка
  • Амплитуда на надморска висина – 1420 м. – 2180 м. – 900 м.– 1420 м.

Опис: Комбинирана патека преку која се прави кружен тек низ Националниот парк Пелистер, возејќи на враќање на дел од патеката по асфалтен пат до хотелот Молика. Препорачлива за искусни учесници.
velosipedizam_nize_pole

Велосипедска патека „Маловишта“

  • Должина на патекат – 35 км
  • Времетраење на патеката – околу 4 – 5 часа
  • Тежина на патеката – средна
  • Амплитуда на надморска висина – 1420 м. – 1150 м. – 1420 м.

Опис: Патека до единственото населено место во рамките на
Националниот парк, селото Маловишта, кое изобилува со фолклорни мотиви, стара македонска архитектура, цркви и манастири со препознатлива историја. Препорачлива за поширок круг на планинарски велосипедисти.
velosipedizam_maloviste

Есктремна велосипедска патека „Копанки

  • Должина на патеката – 1,9 км
  • Времетраење на патеката – околу 5 минути
  • Тежина на патеката – тешка
  • Амплитуда на надморска висина – 1636 м. – 1320 м.

Опис: Патека со стрмни делови, погодни природни скокови со
Велосипед, доста брза и наменета за натпревари од ваков вид
на спортски учесници.
velosipedizam_kopanki

Секако дека околината која изобилува со прекрасни пешачки патеки и го опкружува нашиот хотел е исто така погодна за реализација и осмислување на пократки Велосипедски тури кои би можеле да е вклопат во престојот на гостите кои имаат намера да не посетат.

Повеќе информации: Хотел Молика – Пелистер

  • Бегова Чешма, Национален парк Пелистер
  • Тел: +389 47 229 406
  • Моб: +389 75 495 725
  • Email: hmolika@t-home.mk
  • www.hotelmolika.com.mk
Close Menu