Уживајте во Македонија во секоја сезона!
ОТВОРЕНИ СЕ 5 РАБОТНИ МЕСТА ВО ЕЛЕМ ТУРС

ОТВОРЕНИ СЕ 5 РАБОТНИ МЕСТА ВО ЕЛЕМ ТУРС

Врз основа на член 22 и 23 од Законот за работните односи (Службен весник бр. 74/2015, 129/2015) и член 5, 6, 7, 8 и 9 од Колективниот договор на Друштвото за туризам, угостителство, рекреација и спорт, ЕЛЕМ ТУРС ДООЕЛ Скопје, a во врска со Одлуката за потреба од засновање на работен однос бр. 04582/1 од 01. 12. 2015 година,

ЕЛЕМ ТУРС ДООЕЛ СКОПЈЕ
објавува ЈАВЕН ОГЛАС

За потреба од засновање на рабсген однос во Дирекција на ЕЛЕМ ТУРС ДООЕЛ Скопје, за извршување на работи на неопределено време, за следното работно место:

– 1 (еден) извршител на работно место „Раководител на скијалиште Водно” во Дирекција на ЕЛЕМ ТУРС ДООЕЛ Скопје, во Служба за развој и инвестиции.
Кандидатите покрај општите услоеи утврдени со закон, треба да ги исполнува и следните посебни услови: VIA, 240 ЕКТС – Машински факултет, со 5 години работно искуство.
Паричниот износ на основната плата е 38. 500, 00 денари.

– 1 (еден) извршител на работно место „Раководител за финансиски и комерцијални работи” во Дирекција на ЕЛЕМ ТУРС ДООЕЛ Скопје, во Служба за финансиски и комерцијални работи.
Кандидатот покрај општите услови утврдени со закон, треба да ги исполнува и следните посебни услови:

VIA, 240 ЕКТС – Економски факултет отсек сметководство/фин. менаџмент, со 5 години работно искуство.
Паричниот износ на основната плата е 35. 640, 00 денари.

– 1 (еден) извршител на работно место „Раководител за правни и општи работи” во Дирекција на ЕЛЕМ ТУРС ДООЕЛ Скопје, во Служба за правни и општи работи.
Кандидатот покрај олштите услови утврдени со закон, треба да ги исполнува и следните посебни услови:положен ви: VIA, 240 ЕКТС – Правен факултeт, правосуден испит, со 5 години работно искуство.
Паричниот износ на основната плата е 35. 640, 00 денари.

1 (еден) извршител на работно место „Планер урбанист” во Дирекција на ЕЛЕМ ТУРС ДООЕЛ Скопје, во Служба за развој и инвестиции.
Кандидатот покрај општите услови утврдени со закон, треба да ги исполнува и следните посебни услови: VIA, 240 ЕКТС – Архитектонски факултет, со 3 години работно искуство.
Паричниот износ на основната плата е 33. 660, 00 денари.

– 1 (еден) извршител на работно место „Референт за систем за технички снег” во Дирекција на ЕЛЕМ ТУРС ДООЕЛ Скопје, во Служба за развој и инвестиции.
Кандидатот покрај општите услови утврдени со закон, треба да ги исполнуваат и следните посебни услови: IV степен средна стручна спремамашински техничар, 1 година работно искуство, (добра физичка кондиција, без страв од висина, спременост да работи во екстремни временски услови).
Паричниот износ на основната плата е 24. 200, 00 денари.

Полното работно време на работникот изнесува 40 часа неделно.

Огласот трае 10 (десет) работни дена од денот на огласувањето.

Со пријавата, кандидатите да достават:
– Доказ за завршено образование (оригинал или копија заверена на нотар);
– Доказ за работно искуство (листа од ПИОМ);
– Уверение за државјанство (копија);
– Кратка биографија;
– Контакт телефон.

Некомплетните и ненавремено Доставени пријави нема да се земат во предвид при разгледувањето. Изборот ќе се изврши во рок од 45 дена по истекот на рокот на пријавување.

Пријавата со потребните документи, од која се гледа дека кандидатот ги исполнува општите и посебните услови, да се достават на адреса:

ЕЛЕМ ТУРС ДООЕЛ Скопје, Дирекција
ул. 11 Октомври, бр. 9, Скопје (со ознака „за јавен оглас”)

Краен рок за пријавување: 17.12.2015
Close Menu