Ски – центарот „Попова Шапка“ од 07 март 2019 година, ги намалува цените ски – билетите. Отсега билетите ќе се продаваат по нови цени:
– дневен билет – 800 денари,
– полудневен билет – 500 денари;
– детски билет – 400 денари и
– билет за ноќно скијање – 400 денари.
Чистиот воздух, сончевите денови и снегот кој го има во изобилство, се идеални услови за посета на Ски – центарот „Попова Шапка“.
Скијачката сезона продолжува. Сите се добредојдени.