Уживајте во Македонија во секоја сезона!
Информација од одбележувањето на 25 годишниот јубилеј на хотел „Молика“

Информација од одбележувањето на 25 годишниот јубилеј на хотел „Молика“

„ЕЛЕМ ТУРС“ ДООЕЛ Скопје и хотел „Молика“ – Подружница „Молика“ го прославија својот 25 годишен јубилеј. Јубилејот се одбележа со повеќе манифестации. Според програмата, во хотел „Молика“ се одржаа две Панел дискусии на тема:

I Панел дискусија:
,, Современите видови во туризмот и примената на новите технологии во валоризацијата на Преспанско – пелагонискиот регион и Националниот парк „Пелистер“ како туристичка дестинација“.

  • Панелист: проф. д-р Науме Мариноски – „Факултет за туризам и угостителство“ – Охрид.

II Панел дискусија 
,,Преспанско – Пелагонискиот регион како туристичка дестинација за четири сезони и нејзина промоција на соодветен начин “.

  • Панелист: м-р Љупчо Јаневски – Директор на „Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во Република Македонија“.

Панел дискусијата, и по двете теми, предизвика значитетелен интерес и дискусија меѓу присутните. Заеднички став на дискутантите од Панел дискусијата е дека Пелистер и хотел „Молика“ како дестинација заслужуваат многу поголеми инвестиции, вложување во човечките ресурси и искористување на позитивното искуство на земјите од регионот. Притоа, главен акцент беше ставен на потребата од ангажирање на експерти во областа од странство, но со инсистирање предложените стратегии да бидат прилагодени на потребите и можностите, како и на атракциско-мотивациските фактори на македонскиот туризам, а не како досега да се прави преземање на стратергии од други земји без притоа истите да се прилагодат на потребите на туристичкото стопанство на земјава.

По Панел дискусијата се одржа свечена академија на која преку куса презентација беше претставено 25 годишното работење на хотел „Молика“. На свечената академија свое обраќање имаше Управителот на „ЕЛЕМ ТУРС“ ДООЕЛ – Скопје, г. Џемаиљ Јусуфи. Тој во своето обраќање нагласи „Имаме морална одговорност нашиот 25 годишен јубилеј скромно, но достојно да го одбележиме за сите наши вработени колеги кои во текот на сите овие изминати 25 години грижливо го чуваа и со својот деноноќен труд дадоа огромен придонес во комплетната афирмација на хотелот Молика. Ние сме убедени дека одбележувањето на овој јубилеј, исто така, ќе биде мотив повеќе и за големиот број деловни партнери, туристички агенции, туроператори, здруженија, асоцијации и други организации, но и за нашите редовни гости и посетители од земјата и од странство кои сите овие години не посетуваа и со нивната доверба ни даваа поддршка да истраеме на патот во освојувањето на туристичките пазари“ – нагласи Јусуфи.

Во име на генералниот директор на АД „ЕСМ“ д-р Драган Миновски се обрати Директорката на финансии на АД „ЕСМ“, г-ѓа Добрила Стефаноска, која честитајќи го овој значаен јубилеј особено важен и заради опстојувањето во исклучително тешки економски и општествени услови, го изрази своето лично уверување и лична желба и верба дека 30 годишниот јубилеј, хотел „Молика“ ќе го прослави со целосно нови и атрактивни содржина како и што доликува на ова место.

На свечената академија, „ЕЛЕМ ТУРС“ и хотел „Молика“ доделија плакети и благодарници на своите долгогодишни деловни партнери и соработници:

Првото признание беше доделено на Претседателот на Управниот Одбор и генерален директор на АД „ЕСМ“, д-р Драган Миновски  за  поддршката и помошта што ја дава во сите домени на работењето на Хотел „Молика“, потоа на „Рударско Енергетскиот Комбинат Битола“ и директорот г. Васко Ковачевски, на Синдикалната Организација АД „ЕСМ“ и претседателот г-дин Јове Смилевски; Фабриката за Опрема и Делови – „ФОД Битола“ и директорот г. Методија Тасевски; „Општина Битола“ и градоначалничката г-ѓа Наташа Петровска; „Агенцијата за промоцијата и поддршка на туризмот“ и директорот г. Љупчо Јаневски; „Македонија пат Подружница Битола“ – г. Беким  Мемеди; Јавното претпријатие „Комуналец Битола“ и г. Панде Богоевски; Средното угостителско училиште од Скопје “Лазар Танев” и директорот г. Зоран Николовски; Националниот парк „Пелистер“ и директорот г. Амет Аџиу;  Туроператорот ,,ATHS“ од Тирана, Република Албанија и г. Бесник Вати; „Факултетот за туризам и угостителство“ – Охрид и проф. д-р Цветко Андреевски; „Стопанската Комора на Македонија“ – Даниела Михајловска Василевска; „Стопанската комора за туризам“ и претседателот г. Касам Шакири; „ЕВН“ Македонија; „КЕЦ“ Битола; Туристичката агенција „Савана“ од Скопје и г. Стеван Пешевски; Туристичката агенција „ЈК Травел“ Битола. и г. Горан Јошевски; на г. Панде Лазаров за исклучителен придонес за изградба на х. „Молика“; на г-ѓа Зорица Саботиновска Фурнаџиска – првиот раководител на Хотел „Молика“; „Фолклорниот ансамбл Битола“ од Битола и г. Боро Рутевски; г. Скендер Харуни од Корча, Република Албанија, за најдобар промотор во југоисточниот дел на Република Албанија и Михајло Пешка – вработен во „РЕК Битола“.

Хотелот „Молика“ на Пелистер е капацитет од трета категорија со три ѕвезди, и првпат почна со работа на 24 април 1994 година.

 

Битола, Пелистер, 24.04.2019 год.                                                                                         Сектор за комуникации со јавноста

Close Menu