Уживајте во Македонија во секоја сезона!
Известување Попова Шапка

Известување Попова Шапка

Почитувани, поради голмиот интерес за отворањето на зимската сезона на Попова Шапка и традиционално гратис првиот ден, се појавија редици на ски – лифтовите. Имајќи ги предвид ниските температури, ветер и врнежи од снег, се отежнаа условите за непречено одвивање на работата на Ски – центарот. Ги разбираме желбите на љубителите на ски – спортовите и правиме напори за што пофункционално и непречено одвивање на активностите на нашите капацитети и со таа цел и во таа насока ве повикуваме да не посетите и во наредните денови. Добредојдени сте, особено заради најавите од нови врнежи од снег во наредниве денови. Ви благодариме на посетата.

Close Menu