Уживајте во Македонија во секоја сезона!
Заврши зимската сезоната во Ски – центарот „Попова Шапка“

Заврши зимската сезоната во Ски – центарот „Попова Шапка“

„ЕЛЕМ ТУРС“ ДООЕЛ – Скопје и Ски – центарот „Попова Шапка“ ги информираат сите љубители на скијањето, како и пошироката јавност дека на 31 март 2019 година заврши ски – сезоната во нашиот најголем скијачки центар.

Ски – центарот „Попова Шапка“ и „ЕЛЕМ ТУРС“ им се заблагодаруваат на сите скијачи и бордери што и оваа година ни укажаа доверба и го одбраа нашиот Ски – центар за уживање во зимските спортови.

Во периодот што претстои, особено за Велигденските и Првомајските празници, како и во летниот период, хотелот „Славија” (120 легла) на вљубениците во планините и природата им нудат пакет аранжмани за престој и користење на дополнителните содржини.

Close Menu