Уживајте во Македонија во секоја сезона!
ЕЛЕМ ТУРС на саемот за туризам Скопје Травел Маркет 2017

ЕЛЕМ ТУРС на саемот за туризам Скопје Травел Маркет 2017

ЕЛЕМ ТУРС  повторно ќе биде учесник и изложувач  на единствената туристичка манифестација од ваков карактер во Република Македонија , Саемот за туризам ,, Скопје Травел Маркет 2017 “ кој ќе се одржи од 06-08 Април 2017 година.

Ова ќе биде уште една можност  на единствен начин да  бидат презентирани и промовирани сите наши сместувачки капацитети за престојната летна

и зимска туристичка сезона 2017/2018 година, вклучувајки ги саемските попусти , пакет аранжманите за престојните празници и промотивните пакети за активен одмор , рекреација и  летување на езеро или на планина.

Искрено се надеваме дека ќе бидете дел од нашиот заеднички изложбен штанд , од каде во еден здив  ке ја раскажуваме нашата заедничка  приказната  во која се проткаени приказните за Шар Планина и Попова Шапка , Маврово , Охрид  селото Радожда и Струга , Пелистер, хотелот Молика и Дојран.

Ве очекуваме !!

Друштво за Туризам , Угостителство , Рекреација и Спорт
ЕЛЕМ ТУРС ДООЕЛ Скопје

Close Menu