Уживајте во Македонија во секоја сезона!
ЕЛЕМ ТУРС на Меѓународниот саем за туризам TTG Incontri, Римини, Италија

ЕЛЕМ ТУРС на Меѓународниот саем за туризам TTG Incontri, Римини, Италија

ЕЛЕМ ТУРС ДООЕЛ Скопје за првпат учествуваше на Меѓународниот саем за туризам во Италија, кој се одржа од 13 до 15 октомври 2016 година во Римини, Италија. Туристичката понуда на ЕЛЕМ ТУРС беше претставена на заеднички штанд со Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија.
elemturs-saem-rimini-2
Делегацијата од ЕЛЕМ ТУРС Скопје, предводена од Управителката м-р Јованка Стојанова оствари бројни состаноци и средби на кои беше презентирана туристичката понуда на Друштвото и беа испитани можностите за идна соработка со акцент на можностите за соработка со дестинациите од регионот заради организирање на т.н. кружни тури. Претставувањето на туристичките капацитети со кои располага Друштвото се реализира преку прилагодена туристичка понуда за детектираниот интерес кој е насочен кон недопрената природа и култура, можностите за селективни, алтернативни форми на туризмот.

elemturs-saem-rimini-9

На Саемот TTG Incontri својата туристичка програма ја претставија над 130 туристички детинации, учествуваа над 63.000 професионалци од областа на туризмот, влезни и излезни тур оператори, беа одржани над 300 тренинг конференции и семинари, учествуваа голем број истражувачки институти, авиокомпании, национални и природни паркови, хотелски брендови, компании за промоција и маркетинг, интегрирани комуникации, банки, финансии, осигурување во туризмот и туристичката индустрија.

elemturs-saem-rimini-8

elemturs-saem-rimini-10

elemturs-saem-rimini-7

Штандот на Република Македонија и на ЕЛЕМ ТУРС – Скопје го посети и македонскиот амбасадор во Италија, Н.Е Оливер Шамбевски.
elemturs-saem-rimini-6

Учеството на Република Македонија на Саемот за туризам во Римини, Италија претставува значаен придонес како за туризмот, така и за целокупната економија на земјата. Ова е можност поголемиот дел од учесниците на Саемот да се запознаат со туристичката понуда на Македонија која може да им понуди она што другите земји го немаат” – изјави г-дин Оливер Шамбевски, амбасадор на Република Македонија во Италија.

Close Menu