Уживајте во Македонија во секоја сезона!

ВИДЕО : Со низа инвестиции на Попова Шапка, центарот станува врвна дестинација

14.06.2014 – АЛФА ТВ – ВИДЕО : Со низа инвестиции на Попова Шапка, центарот станува врвна дестинација

Нови ски патеки, жичарница, хотел, сноу парк, вештачки снег. Бројните инвестиции кои ја чекаат Попова Шапка, ќе дадат потполно нов сјај на центарот. Според мастер планот на ЕЛЕМ, за првата фаза се предвидени 30 милиони евра. Добрата вест за скијачите е изградбата на нови ски патеки.

За втората и третата фаза, ЕЛЕМ преку јавен повик ќе бара стратешки партнер за понатамаошни вложувања, кои Шапка сигурно ќе ја направата врвна туристичка дестинација.
 
Наспроти спарното време и горештините по градовите, летните денови на Шапка се многу попријатни и посвежи. Многу туристи летниот одмор го поминуваат токму овде, уживајќи во прекрасната и богата природа.
Close Menu