Уживајте во Македонија во секоја сезона!
ВЕЧЕРВА, НОЌНО СКИЈАЊЕ НА ПОПОВА ШАПКА

ВЕЧЕРВА, НОЌНО СКИЈАЊЕ НА ПОПОВА ШАПКА

Ски сезонава започна да личи на сериозна ски сезона 🙂

Конечно многу снег на Попова Шапка, многу скијачи, топ уредени ски патеки, а вечерва,  прв пат сезонава, ноќно скијање. Сите кои ќе го прочитаат ова и ќе посакаат да бидат на Попова Шапка, денов е долг, има време и за кафе и за муабет, но и за да се припремите. Скиите на рамо и право на Шапка!

На скилифтите Поток 1 и 2 (или Тетекс) вечерва во 19.00 часот, ќе блеснат светилките и официјално ќе започне ноќното скијање, журкање и уживање.

ЕЛЕМ ТУРС ДООЕЛ Скопје и ски центарот Попова Шапка, Ве канат сите, само треба да дојдете до Попова Шапка, скијањето е на наша сметка.

Се гледаме горе 🙂

Со почит,

ЕЛЕМ ТУРС ДООЕЛ Скопје

Close Menu